Македонија
6. November 2017 - 13:15

Управниот суд одби 15 тужби за вториот круг од изборите

Управниот суд одби 15 тужби, што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори што се одржаа на 29 октомври.

Од Управниот суд за МИА изјавија дека за 16-та тужба се уште се одлучува.

Најмногу тужби поднесе „Алијанса за Албанците“ – вкупно 11, четири поднесе Беса, а една тужба поднесе Народното движење за Македонија.