Упаднал со автомобил во црква и целосно гол урлал пред олтарот
Еден Мексиканец по име Педро предизвика вистински хаос во една црква во Мексико, откако со неговиот „Фолсваген“ влетал во верскиот објект, излегол од возилото целосно гол, застанал пред олтарот и почнал да вика на цел глас.
Бизарната сцена стана уште побизарна во моментот кога почнал да се моли пред големиот крст, додека до него стоело куче, за кое не се јасно чие е.
Локалните медиуми пренесуваат дека мажот бил под влијание на опојни дроги, а во инцидентот за среќа била оштетена само вратата на црквата.
- На интернет се појави инфомрација дека тој се обидел да прекине венчавката, но тоа не е точно. Тој има сопруга и семејство. Венчавката навистина се оддржа, но нешто порано и помина без никакви проблеми, рече свештеникот од црквата Хозе Рефугио.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228