Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид дел од Меѓународен натпревар во креирање дигитални видео игри

Престојниот викенд на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи натпревар во креирање дигитални видео игри, дел од светскиот годишен натпревар на креатори на дигитални видео игри што оваа година симултано ќе се одржува на 518 локации во 78 земји под името „Глобал Гаме Јам“.
Во Македонија, покрај во Охрид натпреварот ќе се одржува уште и во Битола и Скопје.
Настанот во Охрид е организиран како волонтерски потфат од страна на студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, а на истиот ќе се натпреваруваат 40-тина учесници. Најдобрите тројца натпреварувачи ќе бидат поканети да учествуваат во следната натпреварувачка фаза, каде што ќе се натпреваруваат победниците на националните натпревари од европските држави.
Почетокот на натпреварот е закажан за 17 часот во амфитеатарот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“.
Ново на Сител
-

Лукровски: Карпош е заробен од приватни интереси кои зелените површини ги претворија во градилиште и спремаат нова бетонизација
-

Приведен 16-годишник, украл торба со паричник и мобилен телефон од 63-годишна жена од Скопје
-

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ по вториот круг од локалните избори
-

Жените земјоделки ги бараат своите права
-

Манасиевски: Скопјани на 2 ноември избираат пред се човек, а потоа и градоначалник, Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе постават нови темели за чисто и модерно Скопје
-

Пијан возач усмрти тричлено семејство во Белград
-

Двајца мажи се приведени во врска со грабежот на накит во Лувр
-

Ракометарите на Вардар продолжија со максимален ефект
