УНИЦЕФ: Вклучување ромски здравствени медијатори во системот на здравството

Претставници од Министерството за здравство, невладиниот сектор, локалната самоуправа, меѓународни организации и ромски здравствени медијатори се сретнаа денеска за да ги разгледаат моделите за натамошна работа на медијаторите и нивно вклучување во здравствениот систем.
Тие, како што соопштија од УНИЦЕФ, ги разгледaле препораките од евалуацијата на работата на ромските здравствени медијатори која ја подготви оваа меѓународна организација и можните решенија медијаторите да станат дел од здравствениот систем.
- Ромските здравствени медијатори работат директно на терен во ромските заедници за да им помогнат на семејствата, особено на оние што се во најтешка положба, да ги добијат здравствените и социјални услуги што им следуваат. Тие служат како алка меѓу ромската заедница и здравствените и социјални служби преку давање здравствени совети, посредство во вадење документи и помош во идентификување деца кои не се имунизирани и деца кои имаат знаци на тешкотии во развојот, се вели во соопштението.
Од УНИЦЕФ истакнуваат дека со досегашната работа ромските здравствени медијатори покажале подобрување на опфатот со превентивна здравствена грижа во ромските заедници.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
