-->
-->
Унгарската снимателка планира да нанесе на мигрантите уште поголемо зло
-->
етра Ласло, унгарската снимателка која беше во центарот на вниманието на јавноста откако клоцаше бегалци на границата со Србија, изјави дека планира да го тужи 52-годишниот бегалец Осама Абдула Мохсен, на кого му подметна нога, но и Фејсбук.
На почетокот на септември се појави снимка на која може да се види како снимателката од унгарската телевизија три пати физички ги нападна бегалците кои се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон во унгарскиот прифатен центар Реске.
После ова доби отказ од телевизијата за која работеше.
Ласло, која сега кривично е гонета од унгарските обвинители, изјави дека откако ќе се заврши кривичната постапка против неа, ќе поднесе две против тужби.
Ласло за руските медиуми изјави дека има намера да го тужи Фејсбук бидејќи одбил да ја отстрани групата која и се заканува, а ја избришал групата која и дала поддршка.
Според пишувањето на сајтот „Мешбл“ Петра Ласло исто така има намера да го тужи и Осама Абдула Мохсена, бегалецот од Сирија, кого физички го нападна.
„Тој го промени својот исказ, бидејќи првобитно ја обвини полицијата“ – изјави таа.
Ласло на крајот се извини за своите постапки, изјави дека сето тоа го направила од страв.
Таа за руските медиуми изјави дека има намера да се пресели во Русија.
„Ние сметаме дека Русија за нас е сигурна и мислам дека ќе почнеме да учиме руски. За нас е важно да ја напуштиме Унгарија“ – додаде Петра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени
-
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните