Унгарската армија почна вежби за чување на границата

Унгарската армија почна воена вежба, со цел да ги подготви своите војници да ја чуваат јужната граница, изјави синоќа началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал Тибор Бенко.
Унгарија планира да испрати војници да им помогнат на полициските патроли долж границата, преку која секој ден доаѓаат илјадници бегалци и мигранти од Србија.
Премиерот Виктор Орбан изјави дека донесувањето на законот за распоредување на армијата нема да биде можно пред 20 септември.
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ вчера изјави дека Унгарија наскоро ќе одржи воени вежби во близина на границата со Србија.
Дачиќ изјави дека за тоа го известил по телефон неговиот унгарски колега Петер Сирто.
- Министерството за одбрана на Унгарија ќе го извести нашето Министерство за одбрана дека ќе има воени вежби во близина на границата, кои не се насочени кон некаква воена опасност од наша страна, изјави Дачиќ во Белград.
Ново на Сител
-

Трамп ги предупреди Кина и Русија да не се мешаат во војната во Иран
-

Маск: Вештачката интелигенција за пет години ќе ја надмине човечката
-

Клековски на средба со претставници на матични лекари и на „Мој Темин“: Заедно за побрзи и поефикасни термини
-

Трамп и Зеленски ќе се сретнат во вторник во Вашингтон
-

АХВ: Ја разбираме загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги отфрламе тврдењата дека не реагираме навремено во однос на сипаниците кај малите преживари
-

На Пелистер падна снег
-

Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
