Македонија
2. February 2023 - 9:44

Украле повеќе предмети од двор и тераса на две куќи, приведени двајца велешани

Вчера се лишени од слобода К.И.(23) и И.Б.(69) од Велес, соопшти полицијата.

Како што информира МВР, тие се сомничат дека од двор и тераса на две куќи на ул.„Јовче Тикварски“ во Велес одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.