Украинската војска соопшти дека руските сили извршиле воздушен десант на Харков
– Украинската војска потврди дека руските падобранци слетале во Харков во обид да го заземат опколениот град, јави Би-Би-Си.
Според украинската војска, воздушниот напад започнал токму кога почнале да се огласуваат сирените за воздушен напад во Харков и околниот регион.
Во соопштението се додава дека руските војници нападнале регионална воена болница и дека борбите се во тек.
Харков беше епицентар на голем дел од насилството забележано во Украина во последните денови и беше цел на гранатирање.
Вчера проектил го погоди седиштето на локалната власт на вториот по големина град во Украина околу 08:00 часот по локално време. Друг напад се случи подоцна во текот на вчерашниот ден во една од станбените населби во Харков.
Украинскиот претседател Зеленски подоцна нападот го нарече воено злосторство.
Најмалку 17 лица загинаа вчера во Харков, а десетици се ранети, според официјални лица од Службите за вонредни состојби.
Некои експерти шпекулираат дека артилериските напади врз станбените населби би можеле да бидат обид на Русија да ја ослабне решеноста на Украина за борба, посочува Би-Би-Си.
Ново на Сител
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
