Украдени знаците што ја регулираат пловидбата на Охридското Езеро

Триесеттина знаци за езерска пловидба што беа неодамна поставени за регулирање на сообраќајот на Охридското Езеро, се украдени од страна на непознат сторител/ли.
Според информациите од Капетанијата на пристаништа во Охрид, станува збор за алуминиумски знаци поставени долж македонската страна на крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од Радожда до Љубаништа, чија вкупна вредност изнесува неколку илјади евра.
Бидејќи знаците не можат да бидат употребени на друг начин освен како секундарна суровина, надлежните служби апелираат до откупувачите на метал да се пријави евентуалниот обид знаците да бидат продадени како стар алуминиум.
Инаку, Капетанијата на пристаништа на РМ најавува дека знаците повторно ќе бидат поставени на соодветните места, оттаму што станува збор за безбедноста на пловидбата на Охридското Езеро.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише
-

Пјонгјанг: Прашањето за денуклеаризација е „неповратно завршено“
-

Сончево, температурата до 33 степени
-

Трамп: Договорот со Иран е закажан да биде потпишан утре
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
