Македонија
16. December 2021 - 20:05

Украден автомобил на ЈП „Државни патишта“, бил оставен со клуч на бравата

Б. Т. (56) од Гостивар пријавил дека на улицата Ѓорче Петров бил украден автомобил „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Јавното претпријатие „Државни патишта“ – Скопје.

Возилото било оставено со клуч на бравата.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.