Укинат притворот за новинарот Зоран Божиновски
Кривичниот суд во Скопје денеска го укина притворот за новинарот Зоран Божиновски, информираат во денешното соопштение од Судот.
- Постапувајќи по предлог на јавниот обвинител за укинување на мерката притвор за обвинетиот З.Б., обвинет во предметот со КОК бр. 79/16, судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и мерката притвор се укинува, а согласно предлогот се определуваат превентивни мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката. Против ова решение дозволено е право на жалба во рок од 3 дена, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.
Божиновски беше во притвор речиси три години за случајот „Шпион“, а се товари дека ги сторил делата злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Ново на Сител
-
Литванците денеска гласаат за претседател
-
Сообраќајот на патиштатa се одвива непречено, по суви коловози
-
Претпладне сончево, попладне наместа облачно со краткотраен дожд
-
Лидерите на регионот, ЕУ и САД на Самитот за планот за раст за Западен Балкан на 16 мај во Котор
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите