УЈП: Годишна даночна пријава најдоцна до 15 март
Граѓаните кои во текот на минатата година оствариле дополнителни приходи најдоцна до 15 март имаат обврска да поднесат Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), информира Управата за јавни приходи (УЈП).
Оттаму прецизираат дека обврската се однесува на граѓаните кои во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и дополнителни приходи од: кирии (издавање на имот - закуп или подзакуп), авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот, поединечна добивка од општи игри на среќа (лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа) во износ поголем од 5.000 денари, игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници, интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр.www.freelancer.com, www.upwork.com и др., поставување на реклами на сопствени интернет страни, прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари), лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија, ако се работно ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација..., други дополнителни приходи, надвор од редовната плата или пензија.
- Работодавачот, односно исплатувачот на приходот, кој исплатил приход во изминатата година, има законска обврска најдоцна до 25 јануари 2017 година да издаде збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатени приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2016 година. Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишната бруто пензија, социјални придонеси и персонален данок, а Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) на годишното породилното боледување, социјални придонеси и персонален данок, велат од УЈП.
Годишната даночна пријава е бесплатна и може да се преземе од веб страницата на УЈП http://www.ujp.gov.mk/mk/
- Во Годишната даночна пријава (образец „ПДД-ГДП“) е овозможен компјутерски внес на податоците во бараните полиња. Откако ќе ги пополните податоците, отпечатете ја пријавата во два примерока. Доколку сте регистриран корисник на системот е-Даноци, Годишната даночна пријава пополнете ја он-лајн и поднесете ја електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk, порачуваат од УЈП.
Корисен водич при пополнување на пријавата е брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ што може да се преземе на http://www.ujp.gov.mk/mk/
Пополнетата Годишна даночна пријава може да се поднесе и во најблиската даночна канцеларија на УЈП или преку пошта, а точната адреса и локација на даночните канцеларии може да се добие на http://www.ujp.gov.mk/mk/
Повеќе информации може да се добијат во Инфо центарот 0800 33 000.
Ново на Сител
-
Нови 118 случаи на грип во државава
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите
-
Штип го чествува празникот „Свети Никола“, патронот на градот
-
Форумот за образовани промени предлага субвенциониран меѓуградски превоз за студенти
-
ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
-
Прегазен 34 годишник во Гостиварско