УХМР: Вчера најмногу дожд наврна во Струмица, викендов пороен дожд на повеќе места
Најмногу дожд -13 литри на квадратен метар вчера наврна во Струмица, по што следат Скопје со 12 литри, Штип со 11, Берово со шест, Куманово и Виница со по три и Крива Паланка со еден литар на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и за викендов најавува пороен дожд и грмежи на повеќе места.
Од УХМР посочуваат дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со засилен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 33 степени Целзиусови.
Според најавите од УХМР, утре ќе преовладува сончево време со пониски дневни температури, кои ќе се задржат и во наредните неколку дена. Во петок попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Променливо облачно и понестабилно ќе биде во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град.
Ново на Сител
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура