УХМР: Најмногу дожд во Куманово и Прилеп, еве какво време не очекува деновиве

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, седум литри на метар квадратен наврна во Куманово и Прилеп, шест литри во Демир Капија, пет во Крива Паланка, Берово и Претор, четири во Охрид и Маврови Анови, три во Петровец, Струмица, Тетово и Битола, два во Пожаране и Лазарополе и еден литар на метар квадратен во Дојран, Гевгелија и Ѓуриште, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според најавите од УХМР, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена, а УВ индексот ќе достигне до осум. Во Скопје максималната температура ќе изнесува 29 степени.
Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
