УХМР: Можно зголемување на водостојот на реките во западните и јужните делови
- Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево соопшти дека по најавите за нови врнежи од дожд и снег и постудено време можно е извесно зголемување на водостоите на реките особено во западните и јужните делови, но не се очекува излевање.
Зголемување на нивоата се очекува на реките Треска, Црна Река и Голема река во околината на Ресен, како и на водотеците кои допаѓаат од Кожуф и реките во Гевгелиско-валандовска котлина.
Од УХМР велат дека иако не се очекуваат поплавувања на реките, сепак можни се високи водостои во овие сливни подрачја поради што се предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците.
Во текот на денешниот ден и ноќта се најавуваат врнежи од дожд и снег кои, според прогнозата, на некои места ќе бидат пообилни така што локално се предвидува да наврнат и над 30 л/м2. Се очекува да преовладува доста студено време поради што на повисоките места и на некои пониски, врнежите ќе бидат од снег.
Ново на Сител
-
Ајатолахот Хамнеи вети одмазда кон Израел за убиството на Ханија
-
ЦУК бара да се вклучиме во НАТО механизмот за помош – така може да се донесат искусни пожарникари
-
Почина 2-годишно девојче во Франција, дедото ја оставил да спие во автомобил
-
Курти: Србија го спречува откривањето на убиствата на албанските цивили
-
Лука Хаџи Јорданов - единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона
-
Малолетничка прободела полицаец, НСП бара награди за повредени полицајци
-
Ангелов: Граѓаните да не организираат своеволно гаснење на пожари
-
Муртезани - Дир: Македонија ќе ѝ помогне на Украина со своето искуство во евроинтегративниот процес