УХМР: Март со повисоки просечни температури и подпросечни врнежи

Потопло од вообичаено, многу суво, со подпросечни количества врнежи, беше времето во март годинава. Според анализата на УХМР, над 20 дена од месецот максималната температура била над 15 степени, со исклучок на Маврово.
-Средната месечна температура варирала од пет степени во Маврово до 12 во Гевгелија. Споредено со многугодишните (1981-2010) мартовски средномесечни температурни вредности, годинашните се повисоки за 2,9 степени на ниво на државата. Највисоката максимална температура била 26,3 степени измерена на 10 март во Гевгелија и била 1,9 степени пониска од највисоката апсолутна (1961-1990), информира УХМР.
Ниски, под нулата температури се регистрирани на целата територија на земјата. Најниската минимална температура од -7,3 степени на 13 март е измерена во Маврово и била 13 степени повисока од најниската апсолутна (1961-1990).
Месечната сума на врнежи, пак, варирала од 0,2 милиметри во Скопје (Зајчев Рид) до 32,2 во Маврово.
-Споредено со просечните врнежи просторната распределба на врнежите на територијата на државата во март 2019 го запазува трендот на распоред. Временски, иако многу мали, врнежите се застапени во втората декада од месецот. Врнежите биле од дожд и снег. Врнежи од снег се забележани во планинските региони. Во Маврово е измерена максимум 26 сантиметри снежна покривка на 13-ти во месецот. Максималната акумулирана дневна сума на вода од 18,3 милиметри била регистрирана во Маврово на 13-ти март што е помалку за 79 милиметри од апсолутно максималната мартовска (1961-1990), анализира Управата
Споредено со мартовската многугодишна просечна вредност (1981-2010), годинава измерената мартовска средна месечна сума на врнежи била 39 милиметри под просечната или за 83 отсто помала од просечната на ниво на државата.
Ново на Сител
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан против Португалија
-

АХВ со вонредни контроли во маркети и хипермаркети
-

Затвореници во Гватемала преземаа контрола врз три затвори, држат 46 лица како заложници
-

ЕУ за царините на Трамп: Европа ќе остане обединета во зачувувањето на својот суверенитет
-

Денеска е Водокрст - навечерие на Богојавление
-

Променливо облачно, слаби локални врнежи од дожд и снег
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
