Фудбал
13. February 2017 - 13:49

УЕФА ја промовира топката за финалето на ЛШ

Лигата на шампионите, по пауза од два месеци, ќе продолжи во вторник, со првите натпревари од осминафиналната програма која ќе ја отворат дуелите Бенфика-Борусија Дортмунд и ПСЖ-Барселона.
 
Во пресрет на овие дуели Европската фудбалска унија (УЕФА) и компанијата Адидас ја поромовира топката со која ќе се игра финалето во сезоната 2016/17.
Финалниот меч ќе се одигра во Кардиф, во сабота на 3.јуни, во стандардниот термин од 20:45 часот.