Убиство или самоубиство - мртва жена пронајдена во куќа во Скопје
Трагедија ја потресе Македонија вчера кога во 16 часот и 40 минути во Полициската станица во Чаир, од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека по пријава за интервенција на улицата “Индира Ганди“ во двор од куќа, од страна на лекар била констатирана смрт врз 57-годишната З.С.
Полицијата денеска информира дека поради констатираните повреди на вратот, докторот не можел да увиди дали се работи за природна смрт или убиство, а од страна на членови на семејството, телото на починатата било однесено во Градската општа болница“8-ми Септември“. Од извршениот разговор со сопругот и синот на починатата, било утврдено дека истата подолго време имала психички проблеми и од тие причини неколку пати се лекувала во Психијатриска болница.
Околу 16,00 часот сопругот кога влегол во помошниот објект кој се наоѓал во непосредна близина на куќата, ја пронашол З.С. обесена со електричен кабел врзан на греда. Заедно со синот успеале да ја симнат, меѓутоа кога докторот од Итна медицинска помош констатирал смрт, истите го зеле телото и го однеле во Градската општа болница“8-ми Септември“.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција, а од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид на местото на настанот.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден