Убиен уште еден новинар во Мексико, неговата ќерка во критична состојба

Убиен е мексиканскиот новинар Антонио де ла Круз, а во нападот тешко повредена е неговата 23-годишна ќерка, соопштија властите.
Четириесет и седумгодишниот Де ла Круз е убиен од огнено оружје, додека излегувал од куќата со својата ќерка во главниот град на мексиканската држава Тамаулипас, Сиудат Викторија, објави локалниот весник Експресо, за кој новинарот пишуваше.
Де ла Круз е дванаесетти новинар убиен годинава во Мексико.
Гувернерот на Тамаулипас, Франциско Гарсија Кабеза де Вака информираше дека ќерката на жртвата е во критична состојба.
– Нема да запреме дури не ги пронајдеме одговорните и не ги казнеме со максимална казна пропишана со закон, нагласи гувернерот.
Членови на семејството на Де ла Круз се воведени во државната програма за заштита, според зборовите на државниот обвинител.
Тамаулипас се наоѓа јужно од Тексас, каде има насилни борби на нарко картели за превласт над профитабилните шверцерски патишта. Локалните новинари кои истражуваат криминал и корупција се особено загрозени, пишуваат медиуми.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
