Свет
10. January 2016 - 9:16

Убиен еден од лидерите на ИД

Еден од лидерите на Исламска држава во Ирак, Аси Али Мухамед  ал Убеиди е убиен синоќа во Анбар.

Според ирачки официјални лица, Убеиди е убиен од воздушен напад извршен во подрачјето на Берване на запад од Анбар.

Во соопштение се вели дека тој бил еден од претставниците на ИД кои побегнале од Абу Граиб во Багдад. Ал Убеиди бил заменик на лидерот на ИД во Ирак – Абубакир ал Багдади.