Уапсениот терорист Абдеслам панирал напади и во Германија
Осомничениот организатор на нападите во Париз, Салах Абдеслам, кој беше уапсен во петокот во Брисел, планирал терористички напади и во Германија, пренесува денеска берлинскиот весник „Тагешпигел“.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, висок претставник на службите за безбедност за весникот тврди дека терористичката мрежа што ги спровела нападите во Париз, била создадена за да изврши напади и во други европски земји вклучително и во Германија.
Според експертот, париската група би можела да биде една од трите групи кои биле формирани од Исламската држава (ИД) со цел да вршат напади во западна Европа.
Една од трите групи била уништена за време на напад на американски авиони на градот Рака во Сирија, а втората ги извршила нападите во Париз во кои загинаа 130 луѓе.
За Абдеслам е потврдено дека неколку дена пред нападите во Париз патувал во Германија од каде преземал тројца членови на ИД кои биле регистрирани како бегалци. Подоцна дел од нив биле дел од групата која учествувала во нападите во француската престолнина, а дел требало да учествуваат во други терористички напади во Европа.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе