-->
-->
Уапсени двајца скопјани, краделе градежен алат и материјал
-->
Во Скопје на ул.„Индира Ганди“ вчера во 17.00 часот полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари ги лишиле од слобода М.К.(20) и Д.К.(19), двајцата од Скопје.
Како што информираа денеска од МВР, тие се сомничат дека во периодот од 11.00 часот на 02.12.2022 до 09.00 часот на 03.12.2022 извршиле „тешка кражба“ во куќа на ул.„Нов живот“, сопственост на С.К., при што одзеле алати и градежни материјали.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без пробив за мир во Украина по средбата на Трамп со Зеленски во Флорида
-

Нова слаломска победа за Шифрин
-

Пораз на македонските ракометари на контролата со Хрватска
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Премиерот Мицкоски во посета на Клиниката за гинекологија и акушерство
-

Собранието треба да го донесе новиот Закон за Судскиот совет
-

Сончево и студено време со мала до умерена облачност
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
