Македонија
1. December 2023 - 15:44

Уапсена скопјанка која терала малолетнички да имаат секс со возрасни мажи

Уапсена е жена од Скопје под сомнение дека принудувала две малолетнички на сексуални односи со возразни мажи кои притоа ги снимале.

- На 01.12.2023 околу 06 часот во Скопје приведена е Г.Р. од Скопје поради основи на сомнение дека на територија на Скопје овозможувала на возрасни лица да имаат сексуални односи со две малолетнички од Скопје, при што истите и ги снимале, информираат од МВР.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.