Македонија
11. October 2020 - 15:35

Уапсен 18-годишен скопјанец кој се однесувал агресивно кон полициски службеници

Вчера во 20.30 часот на подрачјето на општина Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Д.(18) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и му бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.