Турските провајдери го блокираа пристапот до Твитер заради снимки од Суруч

Неколку турски провајдери на Интернет услуги денеска го блокираа пристапот до Твитер, во согласност со одлуката на локалниот суд со која се спречува диструбуирање на снимките од самоубиствениот бомбашки напад изведен пред два дена во Суруч, соопшти неименуван висок државен претставник.
Според него, Управата за комуникациски технологии, БТК, не е вмешана во забраната за пристап до популарната социјална мрежа и дека се вложуваат напори блокадата да се укине, пренесува Танјуг.
Во експлозијата во Суруч, за која турските власти имаат докази дека е дело на бомбаши самоубијци од Исламска држава, во понеделникот погинаа најмалку 32 лица, а околу 100 беа ранети, соошти турското Министерство за внатрешни работи.
Турската Влада денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледано засилувањето на безбедноста долж границата со Сирија после самоубиствениот напад во Суруч.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
