-->
-->
Турската полиција заплени 116,5 килограми канабис во камион од Нови Пазар
-->
Припадници на турската гранична полиција и разузнавачките служби на граничниот премин Едрене, во камион со регистарски таблички на Нови Пазар, открија 116,5 килограми канабис, чија пазарна вредност е околу 500.000 евра.
По скенерската контрола, полицијата во камионот пуштила куче обучено за откривање дрога, која ја пронашло во специјално направена празнина на камионот.
Како што пренесува Танјуг, возачот е приведен и против него е покрената истрага. Постои сомневање дека дрогата што ја превезувал доаѓа од Косово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини
-
Николоски - Казидакис: Подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата и изградба на брзата пруга на Коридорот 10
-
Герасимовски на прес конференција ја презентираше новата механизација за чистење на Центар
-
Полицаец купил половно возило кое му се расипало, се заканувал на продавачот па му го одзеле службениот пиштол
-
Герасимовски на терен: „Комунална хигиена“ оставиле контејнери сред булевар, целиот смет околу контејнерите не го собрале
-
ВМРО-ДПМНЕ број 9, СДСМ број 5 на гласачкото ливче за локалните избори
-
Арсовска: И јас се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец
-
ЦУК: Активни четири пожари, исто толку се под контрола, еден е изгаснат