Туристичките агенции во Србија од денеска не продаваат аранжмани
Туристичките агенции во Србија од денеска не продаваат аранжмани бидејќи осигурителните компании одбија да ги осигураат, со образложение дека ризикот е голем, поради пандемијата на Ковид-19, изјави директорот на Националната асоцијација на туристички организации на Србија (ЈУТА) Александар Сеничиќ.
Тој појасни дека патниците кои платиле за аранжманите до денеска и во моментот ги користат или добиле заменски ваучери имаат осигурување се додека не ги искористат. – Туристичките агенции, поради неможноста да плаќаат за осигурување, од денеска немаат лиценци и можат да продаваат само поединечни услуги, билети или сместување во хотел, бидејќи тоа е осигурено на друг начин, рече Сеничиќ.
Тој истакна дека осигурителните компании не се согласиле да ги осигураат аранжманите на агенциите дури и под услов да ги зголемат цените на полисите и дека тоа го објавиле пред само две недели така што „туристичките агенции се ставени пред свршен чин“.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски