Туристичкиот потенцијал на Македонија претставен пред британски тур оператори

Тур оператори и туристички агенции од Британија се запознаа со туристичките капацитети и потенцијали на Македонија на еднодневниот настан Travel Weekly Destination Showcase организиран од англиската групација Travel Weekly.
Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ, остварени се средби со повеќе од 80 тур-оператори и туристички работници од Обединетото Кралство, пред кои го презентираше туристичкиот потенцијал на земјава на 15 минутни бизнис средби.
Можноста за промоција овозможена од Travel Weekly значеше презентација на Македонија пред строго селектирана публика, но и наградна игра во која туристичката агенција Компас Скопје додели викенд во Македонија со цел подобро запознавање на земјава, истакнуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Идејата на настаните од овој тип на кои учествува Македонија е да се приближи до британската јавност со посредство на престижната групација Travel Weekly, која туристичката индустрија ја анимира – вмрежува и информира преку престижниот магазин, интернет едицијата и бизнис услугите кои ги нуди.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот годинава организира низа настани за промоција на Македонија пред британската јавност, а воедно и брендирање на земјава во Англија како дестинација која може да понуди уникатно искуство.
Ново на Сител
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
-

Коосновачот на „Телеграм“, под истрага за помагање терористички активности
-

Битолчанец се обидел со нож да си ги убие сопствените деца
-

САД денеска воведоа нови царини од 10 проценти наместо најавените 15 проценти
-

Вчера приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Редефинирање на поддршката: Како Flex Credit инвестира во првите спомени на татковците
