Турција по пучот планира да вработи нови 20.000 професори
Турските власти соопштија дека планираат да вработат 20.000 наставници кои треба да ги заменат отпуштените од чистката, што е преземена по неуспешниот обид за пуч во оваа земја, јави Танјуг.
Турскиот министер за образование, Исмет Јилмаз, синоќа изјави дека новите наставници ќе ги заменат оние кои работеле во државните, како и во приватните институции, а кои се отпуштени заради наводна поврзаност со Фетула Ѓулен, муслиманскиот верски лидер кого официјална Анкара го обвинува за организатор на обидот за пуч на 15 јули, пренесоа американските медиуми.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека заради наводна поврзаност со Ѓулен затворени се 15 универзитети, 934 училишта и 109 студентски и ученички домови.
Турција прогласи тримесечна вонредна состојба за повторно да ја воспостави безбедноста во земјата по обидот за пуч, што беше спречен од лојалните воени сили и граѓаните.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница