Туѓман: Изетбеговиќ го донесе исламскиот тероризам во БиХ
Мирослав Туѓман го обвинува поранешниот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ за појавата на исламски тероризам во 90-тите години од минатиот век во БиХ.
- Ова што се сега се случува во Европа тоа се случуваше во БиХ во 90-тите години. Тоа беше зачеток на денешниот исламски тероризам. Извршени се дури педесетина ритуални обезглавувања. Бригадите на Армијата на БиХ беше именувана како муслиманска, имаше арапски ознаки и во битка заминуваа со повикот Алах акбар. Факт е дека во раните 90-тите години и пред да почне војната во БиХ почнаа да доаѓаат муџахедини и тоа на повик на самиот Алија Изетбеговиќ, тврди синот на поранешниот хрватски претседател Фрањо Туѓман, Мирослав во неговата книга „Другата страна на Рубиконот - Политичката стратегија на Алија Изетбеговиќ.
Мирослав Туѓман наведува дека Изетбеговиќ бил еден од клучните луѓе кои ја креирале историјата, а неговите ставови станале службени ставови на Партијата за демократската за акција, пренесува „Јутарњи лист“.
- Пред потпишувањето на Дејтонскиот договор Изетбеговиќ на муџахедините им гарантираше дека нема да бидат протерани од БиХ. Факт е дека двајца од 18-те кои го урнаа Светски трговски центар имаа искуство во борбите во БиХ. Поради тоа, четири недела по уривањето на Светскиот трговски центар, Алија Изетбеговиќ мораше да поднесе оставка, тврди поранешниот прв човек на хрватските разузнавачки служби Туѓман.
Ново на Сител
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата
-
Се проширува истрагата за Епстајн: На удар „роденденската книга“
-
Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
-
ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати
-
Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров
-
Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети
-
Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025