Тројца убиени и петмина повредени во пукање во американски универзитетски кампус
Три лица се убиени, а петмина се ранети откако маж отвори оган во кампусот на државниот универзитет во Мичиген во градот Лансинг.
Нападот се случил нешто по 20:00 часот по локално време (01 GMT) во зграда на универзитетот. - Откако отворил оган таму, вооружениот напаѓач заминал во друга зграда и продолжил да пука, рече Крис Роузман, вршител на должноста началник на полицијата во кампусот. Според него, дел од повредените се во критична состојба.
Откако го извршил нападот, напаѓачот побегнал. Полицијата објави фотографија од него. Тој е опишан како маж, црнец, со низок раст, облeчен во тексас јакна, црвени чевли и бејзбол капа.
Во потрагата по мажот се вклучија и неколку стотици полицајци и претставници на редот. Подоцна, полицијата соопшти дека напаѓачот се самоубил и неговото тело е пронајдено на околу 4 километри од областа на универзитетот.
Мотивите за нападот засега остануваат нејасни.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
