Тројца пожарникари повредени од струен удар при гасење пожар на покрив од куќа во струшко
Тројца пожарникари се повредени при интервенција на пожар на кров од куќа во струшкото село Радожда, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари.
Според него, пожарот бил пријавен синоќа во 23 часот и 30 минути, по што интервенирале шестмина пожарникари.
- Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат, изјави Мазари.
СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23 часот и 40 минути бил пријавен пожар во куќа во близина на струшкото село Радожда, сопственост на А.С. од истото село.
- При интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга, со повреди од струен удар се здобиле тројца пожарникари кои го гаснеле пожарот. Тие се пренесени во Општата болница во Струга каде им биле констатирани телесни повреди по што, биле пуштени на домашно лекување, појасни портпаролот Стефан Димоски.
Се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
60 - годишник си изградил хотел без никакви документи во Старата скопска чаршија
-
Мицотакис: Турција инсистира на своите позиции, а ние на нашите
-
Германија се соочува со сериозен недостиг на кадри во областа на социјалните услуги
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Гевгелија, Крушево и Виница
-
Втора тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судски совет
-
Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид
-
Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „Тикток“ поради изборите
-
Во Собранието пратенички прашања