Тројца починати во ковид-центарот во Тетово, се намалува бројка на прегледи
До утринава во седум часот, за период од 24 часа, тројца хоспитализирани пациенти поради Ковид-19 ги загубиле животите во тетовската болница. Две лица се на 69 и едно на 77 години.
– Има 36 вкупно хоспитализирани значително е намалена бројката. Се надеваме дека уште ќе паѓа бројот и до крај на следната недела ќе немаме хоспитализирани. Значително намалување има кај амбулантски прегледи. За прегледи и контрола за 24 часа се јавиле 43 луѓе. Од нив двајца се примени на болничко лекување. изјави д-р Миранда Пајазити.
Уште четири лица преживеани од пожарот во модуларната болница се на болничко лекување.
– Се уште се грижиме за нив, тие се во добра стабилна состојба, другите се дома. Општата состојба моментално е стабилна колку може да се каже стабилна сите се со голема нега. Се надеваме дека ќе го пребродат ова што побрзо и дека ќе се пуштат дома. Имаме доволно кадар – медицински персонал, доктори и сестри, има за сите ковид пациенти. Имаме помалку хоспитализирани и подобро се менаџира ситуацијата, рече докторката.
Во тетовскиот регион се бележат 1082 активни случаи на болни со Ковид-19.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија
-
Макроекономска и буџетска состојба на Еврозоната теми на средбата на Еврогрупата
-
Работни групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди на преговори за идната влада
-
Народната банка ќе ги објави пролетните макроекономски проекции
-
Во Косово од денеска само евра, измина преодниот рок што го одреди Централната банка за динарите
-
Факти за Андреј Белоусов, новиот руски министер за одбрана
-
Денеска средба Ердоган – Мицотакис во Анкара
-
Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи