Тројца научници добитници на Нобеловата награда за физика
Нобеловата награда за физика ја добија научниците Рајнер Вајс, Бери Бериш и Кип Торн, за истражувањата на гравитациските бранови со употреба на набљудувачкиот систем ЛИДО.
- Истражувачите Рајнер Вајс и Кип Торн, заедно со Бери Бериш, научник кој го комплетираше нивниот проект, вложија четири децениски напор кој конечно доведе до забележување на гравитациските бранови, пишува Нобеловиот комитет во своето образложение на наградата.
Вајс, роден во Германија, и Американците Торн и Бериш, работеле на системот ЛИГО, или ласерската интерферометарска обсерваторија за набљудување на гравитациски бранови. Се работи за две опсерватории, едната на северозападот на САД, а другата во Луизијана, на крајниот југ на САД, кои заеднички го набљудуваат пристигнувањето на гравитациски бранови на земјата.
Во јуни 2015 година, опсерваториите соопштија дека успеале да детектираат прв сигнал од гравитациски бранови, а во декември 2015 година научниците откриле сигнал од спојувањето на две црни дупки за кои се смета дека се од седум до 14 пати поголеми од Сонцето и кои се судриле пред 1,3 милијарди години. Гравитациските бранови предизвикани од овој судир пристигнале до Земјата при крајот на 2015 година. Се смета дека со овие откритија се потврдува постоењето на гравитациските бранови, како дел од теоријата на релативитетот на Алберт Ајнштајн.
Нобеловата награда за физика ја доделува Кралската Шведска Академија за Науки, и почнувајќи од 1901 година досега ја добиле 206 научници, вклучително и две жени - Марија Кири и Марија Гоперт Мајер. Шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел, кој ги воспостави наградите, ја наведе физиката како прва област во која треба да се одликуваат најуспешните научници.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија