Loading Video...
Свет
9. April 2021 - 19:48

Тројца лекари тврдат дека Џорџ Флојд починал од недостаток на кислород

Џорџ Флојд починал од недостоток на кислород тврдат тројца лекари кои сведочеа во судењето на поранешниот американски полицаец  Дерек Шовин, кој е обвинет за убиството на Флојд  во минатиот мај.

Според нив афроамериканецот починал поради гушење кое настапило поради позицијата во која го држел Шовин при апсењето во Минеаполис.

Одбраната пак тврди дека 46-годишниот Флојд починал од предозираност со дрога. Се очекува судењето да трае уште две недели.