Македонија
1. March 2020 - 14:57

Тројца гостиварци уапсени поради марихуана

Три млади лица, од кои еден малолетник уапсени во текот на вчерашниот ден откако полицијата при претрес пронашала марихуана кај нив.

Вчера вечер во 21 часот и 50 минути полициски службеници од Полициската станица Гостивар на улица “Светозар Пеповски“ во Гостивар лишиле од слобода 17 годишник од Гостивар затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Неколку часа подоцна, рано утринава во 02,30 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на наплатната рампа Гостивар ги лишиле од слобода Е.А.(19) од Тетово и О.Б.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.