Тројца членови од семејството вмешани во убиството, се стега обрачот
Полицијата од самиот почеток на истрагата имала индиции дека некој од најблиското опкружување на свирепо убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ на некој начин е вмешан во убиството.
Врз основа на денешната истрага полицијата речиси е сигурна дека најмалку тројца членови од семејството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е вмешана во нејзиното убиство, додека за еден и натаму се вештачи движењето и контактите од 2 април, дента кога е убиена пејачката, дознава српски Курир.
Извор на весникот од истрагата вели дека полицијата од самиот почеток имала индиции дека некој од блиските на Јелена на некој начин е вмешан во убиството.
-Тој што го направил ова се добро испланирал и одлично го познавал нејзиното движење тој ден. Мотивот се уште го истражуваме, но дефинитивно во прашање е огромна страст, омраза, бес и невозвратени чувствата, зборува соговорник на Курир.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП
-
Намалена видливост поради магла на патот Гајре - Попова Шапка
-
Mојата душа е постара од мене | Ивона Јо | ПРОфесија | Sitel Podcast 077
-
27 годишна девојка паднала од зграда во Скопје и починала
-
Три жени се тепале во скопски Аеродром
-
Фризурата не им се допаѓала на класната и на директорката па ученик плачејќи сам си ја скратил, утврдена дискриминација во Миравци
-
Полицаец, дете и жена пренесени на клиника по пожар во куќа во Скопје
-
Бајден ќе го одликува Меси со претседателскиот Медал на слободата