-->
-->
Тројца американски војници повредени во сообраќајна несреќа на конвој возила на НАТО во Романија
-->

Тројца американски војници се префрлени во болница во западниот романски град Темишвар по несреќата на нивното возило, што било дел од воен конвој на НАТО, јавија романските медиуми.
Инцидентот се случил на автопатот меѓу градовите Дева и Надлак, во близина на романско-унгарската граница.
Возач на воен камион заспал на воланот и се судрил во автомобилот што се движел пред него, по што направил изненадувачки маневар и удрил во банкината од патот.
Воениот конвој се состоел од 15 возила со приколки и патувал од воена база крај градот Сибиу кон база во друга земја од Европската Унија, за учество на воена вежба.
Портпаролот на болницата во Темишвар изјави дека настраданите американски војници се надвор од живтона опасност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
