Трофејот во Вашингтон за Кирјос

Контроверзниот австралиски тенисер Ник Кирјос ги надмина проблемите со грчевите во грбот за да го победи Русинот Данил Медведев со 7:6(6)/7:6(4) за да го освои трофејот од Сити опен во Вашингтон.
За Австралиецот ова е шеста АТП-титула во меч во кој не се соочи со ниту еден брејк-поен и во кој погоди 18 аса, вклучувајќи ги последните два поена. Кирјос се врати од 4:1 негатива во тај-брејкот во првиот сет по што побара медицинска помош. Русинот не дозволи Кирјос да освојува поени на негов сервис и освои 80 отсто од поените на свој сервис, но Кирјос беше потрпелив во тај-брејкот.
Кинеската тенисерка Женг Саисаи, пак, ја освои својата прва ВТА-титула на Силикон Вели класик турнирот, откако со 6:3/7:6(3) ја победи Белорусинката Арина Сабаленка.
„Пред пет години тука победи во својот прв ВТА-меч, а сега ја освојувам својата прва титула. Секогаш ќе се сеќавам на овој турнир“, изјави Женг.
Ново на Сител
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
