Тркалезна маса за инклузијата на Ромите во основното образование
Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе се одржи тркалезна маса за иклузијата на Ромите во основното образование.
Тркалезната маса ќе ја отвори народниот правобранител Иџет Мемети, а податоците од истражување спроведено од Народниот правобранител ќе ги презентира заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска - Мустафа. За австриските искуства на оваа тема ќе говори Андреа Шухнер од Лудвиг Болцман институтот за човекови права.
За искуствата и предизвиците во образованието на Ромите презентација ќе одржат Мирјана Насковска од Државниот просветен инспекторат и Реџап Али Чупи од Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. На настанот ќе се обрати и судиката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и поранешен судија на Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, која ќе говори за искуствата со дискриминација на Ромите во процесот на образованието и праксата Европскиот суд за човекови права.
Тркалезната маса се одржува во рамки на твининг проектот „Промоција на надлежностите на Народниот правобранител и јакнење на институционалните капацитети“, кој го спроведува Народниот правобранител во соработка со канцеларијата на Австрискиот омбудсман борд и Лудвиг Боцман институтот за човекови права.
Ново на Сител
-
15-годишник од Охрид со моторцикл удрил во три лица, а потоа и во паркирано возило
-
19-годишно момче загина во сообраќајна несреќа кај Гевгелија
-
Приведен 44-годишник од Штип, управувал со возило под дејство на алкохол
-
Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната
-
Тошковски: СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона
-
Роналдо би можел да потпише краткорочен договор со Манчестер Сити или Челси
-
Велигденско послание на Митрополитот Повардарски Агатангел
-
Тошковски: Првичните информации се дека неприлагодената брзина е причина за сообраќајката во Кичево