Трибина „Учество на младите во донесувањето одлуки на локално ниво“ во општина Илинден
Трибина за учество на младите во донесувањето одлуки на локално ниво во руралните средини, во организација на локалниот совет на млади на општина Илинден, а во соработка со невладината организација „Единствена Македонија“ се одржа денеска во Домот на култура „Илинден“.
Како што соопшти општина Илинден, на трибината е дискутирано за досега спроведените проекти за младите, за начинот на учество на младите во донесувањето одлуки, како и за можностите за спроведување на идеите на младите во одлуките и политиките на општините.
Градоначалникот Жика Стојановски, потенцирајќи дека општина Илинден е една од првите општини која што донесе Стратегија за млади, посебно го истакна значењето на учеството на младите во донесувањето на одлуки на локално ниво.
Тој ги повика младите активно да учествуваат во изработката на стратешките планови за развој на општината, во буџетските форуми, како и на сите други трибини, форуми, средби, каде што со свои идеи и предлози ќе придонесат во реализацијата на проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење во општината, посебно на младите луѓе.
- Капиталните инвестиции во областа на образованието, се наша трајна определба во реализацијата на нашата визија општина Илинден да биде економски силна и конкуретна. Инвестирањето во училишта во функција на подобрување на квалитетот на животот и животниот стандард на жителите е еден од приоритети на општина Илинден, истакна Стојановски.
Проект е одобрен и финансиран во рамките на Еразмус+ програмата и Националната агенција за европски образовни програми и мопбилност.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц