Три странски компании потврдија и донесена е одлука за инвестирање во нашата земја, а со десет се преговара, најави Мицкоски

Со три странски компании кои пројавиле интерес за инвестиции и отварање на фабрики во земјата завршени се преговорите, а станува збор за капацитети во автомобилската, потоа индустријата на високи технологии и фармацевтска индустрија, потврди денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
-Веќе три се завршени со преговори и потврдени. Донесена е одлука, во вредност од прилика од 110-120 милиони евра во првата фаза, со отприлика 1.500 вработувања, кога ќе го достигнат полниот капацитет, посочи Мицкоски во одговор на прашање.
Македонскиот премиер Мицкоски истакна дека се преговара со уште десет странски инвеститори.
-Преговараме со уште десет - дел во енергетика, дел во индустрија на високи технологии, дел во автомобилска индустрија итн. Цениме дека тие ќе додат вредност во економијата на државата, подвлече премиерот Мицкоски денеска кој присуствуваше на промоција на 120 нови полициски возила во Министерството за внатрешни работи.
МИА
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Скопје
-

Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство
-

Европол: Разбиена криминална мрежа што шверцувала кокаин од Јужна Америка во Исланд
-

Потпишан меморандум за воздухопловна соработка со Сингапур
-

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза"
-

Мицкоски и Тошковски порачаа дека „никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана
-

Во Министерството за транспорт се одржа стручна јавна расправа за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
-

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза
