Три лица повредени во сообраќајна незгода на патот Гостивар - Тетово

Три лица од кои две малолетнички се здобиле со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случила на автопатот Гостивар - Тетово на околу два километри до клучката за Камењане.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека сообраќајката се случила вчера околу 15 часот и 30 минути и оти во неа учествувале патничко возило „ауди“ со тетовски таблички што го управувала 16-годишна малолетничка од Теарце и автобус „сетра“ со гостиварски таблици управуван од А.Д. (43) од Скопје.
- Во несреќата возачот на аудито и двете сопатнички, жителки на Тетово, на возраст од 17 и 18 години се здобиле со телесни повреди по што со медицинско возило биле пренесени и задржани за натамошно лекување во Тетовската клиничка болница, додека третиот сопатник на возраст од 18 години поминал без повреди. Според првичните податоци од увидот извршен на местото на настанот, причина за сообраќајната несреќа е неприлагодена брзина според условите на патот односно пребрзо возење додека вкупната материјална штета се проценува на 200 илјади денари, изјави Јосифовски.
Полицијата работи на утврдување на околностите во кои се случила сообраќајката.
Ново на Сител
-

Полицаец наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал, парите ги земал и приложувал стари уплати
-

Историски чекор за Иџе: Прв возач од Балканот со прототип „Норма“, само 12 вакви болиди во светот
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камиот без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
