Македонија
27. March 2019 - 10:14

Три лица каснати од кучиња скитници

На 26.03.2019 во Полициска станица Радовиш, В.А (77) од село Покрајчево, радовишко, пријавила дека истиот ден во 13:30 часот во Радовиш била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

На 26.03.2019 во 21:00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, А.Д.(21) од Скопје  пријавила дека истиот ден околу 19:30 часот на улица „Веле Марков“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 26.03.2019 во 12:40 часот во Полициската станица Центар, А.Б.(32) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 12:00 часот на плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник за десната потколеница.