Тренерска смена во Динамо Загреб
Нов тежок пораз го здрма загрепски Динамо и тоа втор во низа од Локомотива со 1-4 што беше причина тренерот Марио Цвитановиќ да си поднесе оставка на функцијата. Управата веднаш реагираше и за негов наследник го назначи Никола Јурчевиќ.
„Постигнавме договор со г. Јурчевиќ, кој ќе биде тренер на првиот тим. Официјалната презентација ќе биде во вторник, на 13 март“, објавија од Динамо.
Јурчевиќ во својата кариера беше фудбалер на Динамо, НК Загреб, Антверпен и Австрија Салцбург, а имаше и 19 настапи за хрватската репрезентација. Тој претходно работеше како тренер на Динамо (со кој освои куп-титула), Салцбург и Славен Белупо, а последните 12 години беше помошник на Славен Билиќ во хрватската репрезентација, Бешикташ и Вест Хем.
И покрај лошите порази, Динамо е прв на табелата со 56 поени, шест повеќе од Хајдук и девет пред акутелниот шампион Риека.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје