Транспаренси интернешнл: Македонија е далеку под 50-те земји кои гарантираат борба со корупција
Македонија е далеку под 50-те земји кои гарантираат борба со корупција рангирана на 88 место, покажал последниот извештај за перцепција на индексот на корупција кој го објавува Транспаренси интернешнл за оваа година. И покрај бројните закони, потпишани декларации борбата со корупцијата е само декларативна, вели претседателот Пандовски. На денот за борба со корупцијата апелира за поголеми заложби за справување со системската корупција.
Преку силни институции со интегритет може да се води силна битка со корупцијата вели првиот антикорупционер.
До обвинителството лани биле доставени дури 40 ревизорски извештаи за сторени злоупотреби, од кои 37 биле прифатени. Годинава пак од 9 доставени извештаи, обвнителството досега прифатило пет за шест правни лица. Ацевски најави нов извештај според кој била злоупотребена огромна сума на пари .
Мисијата на ЕУ во земјава алармира дека проблемот со владеењето на правото и борбата со корупцијата е една од кочниците за македонските интеграции. За лошите резултати говори и фактот што во последните 3 години, Македонија нема никаков напредок според Извештајот на Брисел.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар
