Трамп: Време е да се стави крај на бруталната граѓанска војна во Сирија
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е време да се стави крај на бруталната граѓанска војна во Сирија, каде САД прв пат извршија напад, по хемискиот напад, за кој постои сомневање дека го извршил режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад.
- Време е да се стави крај на оваа брутална војна, да се победат терористите и да им се даде можност на бегалците да се вратат во своите домови, истакна Трамп на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Белата куќа.
Трамп сирискиот претседател Асад го нарече „касап“, кој е обвинет од западните земји дека го наредил хемискиот напад во Хан Шејхун, во кој беа убиени 87 лица, меѓу кои десетици деца.
Американскиот претседател смета дека постои можност Русија, која е сојузник на режимот да знаела за хемискиот напад.
- Тоа е можно, но сепак е малку веројатно и знам дека во моментот тие го истражуваат тоа. Ќе си земам за право да кажам дека тие (Русите) не знаеле, но можеби нешто знаеле. Тие биле таму, рече Трамп и додаде дека Пентагон истражува се што е поврзано со таа тема.
Трамп изјави дека за него нема „апсолутно никакво сомневање“ дека САД постапиле правилно, со тоа што одговориле на хемискиот напад со ракетен напад врз сириска воено воздухоловна база.
- Би било мошне добро доколку САД, НАТО и Русија меѓусебно се разбираат, рече Трамп, кој истовремено призна дека односите меѓу Вашингтон и Москва мошне се влошиле.
- Би било прекрасно НАТО и нашата земја да можат да се разбираат со Русија. Во моментов воопшто не се разбираме со Русија. Кога станува збор за односите со Русија можно е тие да се најниско ниво од кога и да е, додаде американскиот претседател.
Трамп напомена дека американскиот државен секретар Рекс Тилерсон имал повеќе успешни средби во Москва.
- Ќе разговарам со Рекс Тилерсон во најбрзо време. Сметам дека тој одржа мошне успешни разговори во Русија. Ќе видиме, рече тој.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“