Трамп помилува 15 лица, главно републиканци
Американскиот претседател Доналд Трамп помилува 15 лица, меѓу кои се републиканци кои важат за негови големи поддржувачи, функционери од предизборната кампања во 2016 година, поврзани со истрагата за вмешаност на Русија, како и осудени за масакрот во Багдад во 2007 година.
Трамп помилува и четворица членови на обезбедување, вклучени во масакрот во Ирак во 2007 година, како и двајца поранешни конгресмени, пренесува Би-Би-Си.
Пападопулос во 2017 година призна дека го излажал ФБИ за времето на средбата со наводните посредници на Русија за време на изборната кампања во 2016 година.
Тој беше првиот поранешен соработник на Трамп уапсен во истрагата за руска вмешаност, предводена од специјалниот советник Роберт Милер. Тој лажно тврдеше дека се сретнал со две лица кои се поврзани со Русија пред да започне да работи за кампањата на Трамп, но всушност се сретнал со нив откако се вклучил во кампањата.
Пападопулос му се заблагодари на Трамп на Твитер, велејќи дека помилувањето значи многу за него и за неговото семејство
Ван дер Зван исто така призна дека дал лажна изјава за време на истрагата на Милер.
„Денешното помилување помага во исправувањето на неправдата која тимот на Милер им ја нанесе на толку многу луѓе“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Трамп ги помилува и поранешните републикански пратеници Крис Колинс и Данкан Хантер.
Трамп ги преиначи и казните за уште пет лица. Се очекува тој да помилува повеќе луѓе пред да ја напушти функцијата претседател следниот месец.
Ново на Сител
-

Пронајдени 116 грама хашиш, лишено од слобода едно лице
-

Победници во двојки на Macedonian Open 2026 се Марковски и Србљак
-

СП 2026: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во четвртфинале
-

55 санкции за возачи на мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети - шест лица уапсени за “безобѕирно управување”
-

Македонските каратисти со 58 медали и прво место на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
-

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола
-

Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици, од МВР очекуваат силна конкуренција за првата генерација во „7 Мај“
