-->
-->
Трамп: Од првиот ден само - „Русија, Русија, Русија ..."
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Демократската партија дека ја користи Русија како изговор за поразот на својот кандидат на претседателските избори во 2016 година.
- Од првиот ден кога дојдов на власт, сè што слушате е лажен изговор за демократите за губење на изборите, Русија, Русија и Русија, напиша Трамп на својот налог на Твитер.
Тој додаде дека, и покрај тоа, тој овозможил добри потези во економијата и дека можеби направил повеќе од кој било претседател за првите 10 месеци од неговиот мандат.
Трамп ја победи кандидатката на демократите Хилари Клинтон на претседателските избори во САД во 2016 година.
Во САД, во тек е истрага за наводната вмешаност на Русија во минатогодишните претседателски избори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист