Трамп: Обвинението е смешно и неосновано
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека федералното обвинение објавено против него е „смешно“ и „неосновано“, обид да се загрозат неговите шанси да биде реизбран за претседател на САД во 2024 година.
Трамп, во своето прво појавување во јавноста по објавувањето на обвинението, на предизборната конвенција на републиканците во американската сојузна држава Џорџија, рече дека американската администрација започнала „лов на вештерки“ за да ја попречи волјата на американскиот народ.
Тој тврди дека обвиненијата против него се политички мотивирани, велејќи дека тоа ќе биде една од најлошите злоупотреби на власта во историјата на САД.
Околу 100 поддржувачи, некои држејќи транспаренти на кои пишуваше „Лов на вештерки“, се појавија на аеродромот во Колумбус за да го поздрават Трамп кога тој пристигна.
Трамп останува фаворит за републиканската претседателска номинација во 2024 година и покрај зголемените правни проблеми.
Обвинението, објавено во петокот, го товари Трамп за 37 кривични дела поврзани со собирање доверливи документи на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида. Обвинението вклучува и наводи дека Трамп, меѓу другото, чувал документи во балската сала и бањата на неговата палата.
За најтешките кривични дела во обвинението се предвидени потенцијални затворски казни до 20 години, но на сторителите ретко се изрекува максимална казна, со оглед на тоа што одлуката ја носи судијата на крајот од постапката. Трамп треба да го има своето прво појавување пред федералниот суд во вторник во Мајами.
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае